Достапни линкови

Западот со критики за договорот меѓу Русија и Абхазија


Западните земји го критикуваа договорот меѓу Русија и грузискиот сепаратитстички регион Абхазија. Рускиот претседател Владимир Путин и лидерот на Абхазија Раул Хаџимба потпишаа договор за стратегиско партнерство што според Грузија е обид на Москва за анектирање на тој регион. Според договорот, руските и абхазиските сили во тој регион ќе бидат под заедничка команда. Путин изјави дека Москва ќе ја удвои помошта за Абхазија 200 милиони долари годишно. Стејт департментот соопшти дека нема да го признае таканаречниот договор меѓу Русија и Абхазија. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оцени дека овој договор нема да придонесе за мирно решение на ситуацијата во Грузија. Европската унија е на став дека со договорот се нарушува територијалниот интегритет на Грузија.

XS
SM
MD
LG