Достапни линкови

logo-print

Порошенко: наскоро ново украинска влада


Украинскиот претседател Петро Порошенко вети дека оваа недела ќе ги преземе првите чекори за формирање нова влада. Соединетите држави и западните земји го критикуваа Киев поради тоа што не успеал да состави влада по изборите одржани во минатиот месец која ќе покрене реформи поврзани со помошта од Западот. Аналитичарите сметаат дека немањето влада е поради несогласувањата меѓу шефот на државата Порошенко и премиерот Јацењук околу клучните министерски места. На прес конференцијата во Киев, Порошенко изјави дека е можно за неколку години во Украина да се спроведе референдум за членство во НАТО, но не и сега бидејќи тоа ќе донесело повеќе штета од корист.

XS
SM
MD
LG