Достапни линкови

Репортер на РСЕ на суд во Белорусија


Михаил Карневич

Михаил Карневич

Денеска во Белорусија почнува судски процес против репортерот на Радио Слободна Европа Михаил Карневич и тројца други активисти за човекови права. Тие се обвинети дека на 26 октомври учествувале на непријавен јавен собир во југозападниот град Свислач. Карневич изјави дека тој само известувал од јавниот собир, односно од комеморацијата за Кастус Калиновски, белоруски новинар и политички активист од 19 век. Карневич и порано бил обвинуван за кршење на законите за јавни собири во Белорусија.

XS
SM
MD
LG