Достапни линкови

САД: на полицаецот нема да му биде судено за убиството во Фергусон


Полицаецот, белец кој стрелал и убил едно црно момче во американскиот град Фергусон нема да биде обвинет. Убиството на Мајкл Браун во Фергусон, Мисури на 9 август годинава предизвика неколкунеделни, повремено и насилни протести во подрачјето на Сент Луис. Како и да е, големата порота не најде причина да покрене обвинување против полицаецот Дарен Вилсон. Семејството Браун изрази длабоко разочарување од ваквата одлука која веднаш предизвика нереди на улиците на Фергусон. Американскиот претседател Барак Обама ги повика демонстрантите да не предизвикуваат насилства, а полицијата да покаже воздржаност. Протести имало и во други американски градови, вклучувајќи ги и Њујорк и Лос Анџелес.

XS
SM
MD
LG