Достапни линкови

logo-print

Жителите од селото бараат пат и урбанизирање на селото, во кое нема водовод, канализација, ниту школо, амбуланта, продавница. Сместено е меѓу Скопје и Куманово, во близина на автопатот, но сепак далеку од цивилизација.

Стотина жители од кумановското село Брзак сместено помеѓу Куманово и Скопје, во непосредна близина на автопатот немаат тампониран пат, школо, продавница, амбуланта, водовод, канализација, улично осветлување. Децении наназад од локалната самоуправа постојано бараат да им го тампонира патот и колку-толку да го урбанизира селото како би можеле нормално да живеат. Само годинава за тампонирање на патот до Општината Куманово поднеле седум-осум барања. До сега не добиле никаков одговор, а како што велат, дури и во изборните кампањи партиите почнале да ги одбегнуваат, а кога ги посетуваат ништо неветуваат. Иако во селото има 80-ина гласачи.

Градоначалникот вети дека има сто кубици тампон добиено за реконструкција на овој пат од два ипол километри од Агино Село до Брзак, меѓутоа се уште нема ништо, дали е во процедура, не знаеме, немаме никаков одговор.

Основците на настава одат во соседното Агино Село, а средношколците во Скопје. Жителите се револтирани што Брзак е оставен како слепо црево, иако може да се егзистира одобработливото плодно земјиште и одгледување добиток.

„Градоначалникот вети дека има сто кубици тампон добиено за реконструкција на овој пат од два ипол километри од Агино Село до Брзак, меѓутоа се уште нема ништо, дали е во процедура, не знаеме, немаме никаков одговор“, вели Горан Стојковиќ претседател на Месната заедница. Тој додава дека поголем дел од работоспобно население секојдневно патуваат во Скопје.

За да се живее нормално треба да има пат. Сите имаме по две коли, секој втор месец треба да правиме сервис на колите, а тоа чини пари. Затоа сакаме да апелираме до Владата, бидејќи немаме никаква помош од нашиот градоначалник, а Владата е моќна и таа може да направи асфалт од два километра.

„Или на автопатот Агино Село со автобус, или на Железничката станица Романовце, оддалечена околу 700 метри од тука.“

Стојковиќ додава дека водоснабдувањето на населението е од бунарите, што од 90 отсто направените анализи 60 отсто од нив се со здравствено неисправна вода.

Даниел Илиевски е млад човек кој со своето семејство живее во селото. Според него условите се катастрофални.

„За да се живее нормално треба да има пат. Сите имаме по две коли, секој втор месец треба да правиме сервис на колите, а тоа чини пари. Затоа сакаме да апелираме до Владата, бидејќи немаме никаква помош од нашиот градоначалник, а Владата е моќна и таа може да направи асфалт од два километра.“

РСЕ: Се иселуваат ли млади луѓе од тука?

„Се иселуваат. Нема услови. Како може едно дете да го пуштам да иде на школо да гази кал, или јас да одам до град со калливи чизми.“

„Ќе го напуштаат селото кога нема услови за живеење овдека.“

„Многу е тешко. Без вода. Водата ни е загадена.“

„Нема услови, нема вода, нема пат, нема продавница, нема школо, нема амбуланта, нема превоз. Од тука треба до автопат да се одисо едни обувки, а потоа да се пресоблечат“, раскажуваат жителите од селото Брзак и најавуваат дека се принудени да преземаат и други можеби непопуларни мерки за да го свртат вниманието.

„Доколку Владата не сака да ни помогне, или градоначалникот што е надлежен за ова село, ние сме подготвени да го блокираме автопатот или пругата, зашто ако не бидува со убаво,принудени сме на овој начин. Навистина нема услови за живеење. “

Селото Брзак, од Куманово е на осум ипол, од Скопје на 26, а од автопатот на три километри.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG