Достапни линкови

Во Пелагонија досега се засеани само половина од планираните површини со житни култури, а во прекин е и бербата на пченката.

Зачестените врнежи од дожд во текот на месец ноември во неколку наврати ја прекинаа есенската сеидба во најголемата житница во земјава, Пелагонија. Земјоделците се жалат дека и сончевото време деновиве не може да ја исуши водата што се насобра по нивите, па ќе треба да се почека за сеидбата да продолжи.

Ги ставив чизмите влегов во нива, кал до колена. Во вакви услови невозможно е да се сее. Дождовите ги полнат каналите,а тие се излеваат и трпиме големи штети. Во последникте години не паметиме есенска сеидба без проблем.

„Ги ставив чизмите влегов во нива, кал до колена. Во вакви услови невозможно е да се сее. Дождовите ги полнат каналите,а тие се излеваат и трпиме големи штети. Во последникте години не паметиме есенска сеидба без проблем“, вели Митко Велјановски, земјоделец од Новаци.

Илустрација.

Илустрација.

Од подрачното одделение на Министерството за земјоделство, велат дека досега засеани се само половина од планираните површини со житни култури, а во прекин е и бербата на пченката.

За жал површините се под вода и има голема влажност во пченката. Се отежнаа условите.

„Од планираните површини во битолскиот дел на Пелегонискиот регион треба да се засеат 25.000 хектари житни култури. Можам да кажам дека 50 проценти се засеани, од кои јачменот и пченицата и маслената репка. Од пченката за зрно прибрани се замо 10 проценти од родот. За жал површините се под вода и има голема влажност во пченката. Се отежнаа условите“, вели началникот за земјоделство Илија Србиновски.

Тој додава дека состојбата се влошува.

„Имаме дел површини кои се веќе поплавени во делот на Ношпал, Добрушево, Дедебалци. Почвената вода е висока, влагата е голема и моментално не доаѓа во предвид да се влезе во почвените површини за сеидба,односно не можеме да продолжиме со сеидбата“, вели Србиновски.

Од Центарот за управување со кризи регираат дека проблем правви и затнатата каналска мрежа за одводнување.

„Основно што сакаме да апелираме е дека најголемиот дел од затнатите канали се јавуваат од негрижа на жителите, сами ги затрупуваат, односно земјиштето го враќаат во првобитна положба“, вели Димче Јошевски, раководител на Дирекцијата во Битола.

Во изминатиот период поради долгогодишната трансформација на Водостопанското претпријатие, коритото на реката Црна остана неисчистено и нема капацитет да ги прими водите од другите канали. Поради ова при обилни врнежи доаѓа до нивно излевање и поплава на земјоделски површини.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG