Достапни линкови

Бучковски повикан да ја отслужи затворската казна


Во рок од осум дена, екс премиерот Владо Бучковски треба да се јави на издржување на казна затвор во траење од две години за случајот Тенковски делови. Вакво решение донесе Кривичниот суд при Основниот суд Скопје 1 откако ја одби жалбата на Бучковски против решението на судијата за извршување санкции, објави ТВ Телма. Одбраната на осудениот подготвува нова жалба, а ја очекуваат и одлуката на Врховниот суд, во кој е поднесена жалба на 15 октомври. Бучковски е осуден за злоупотреба на функцијата при набавка на непотребно големо количество резервни делови за тенковите Т 55 во 2001 година, со што, државата била оштетена за два и пол милиони евра. За овој случај, на две години затвор е осуден и екс началникот на генерал- штабот на АРМ, Методија Стамболиски, а уште три лица добија условни казни.

XS
SM
MD
LG