Достапни линкови

Масовни протести на работниците од хрватската компанија ИНА


Работниците од хрватската нафена индустрија ИНА денеска протестираа во Загреб, барајќи премиерот Зоран Миловановиќ да ги исполни нивните барања за опстојување на компанијата, во која мнозинство има унгарската групација МОЛ и за заштита на 12.000 загрозени работни места во фирмата. На околу 1.500-те работници на ИНА кои се собраа на митинг во Загреб, им се придружија и вработени од Институтот за имунологија, на кои неколку месеци не им биле исплатени месечните примања.

Собирот го организраше Синдикатот на ИНА, во знак на протест поради плановите за за затворање на рафинеријата во Сисак и незјино претворање во складиште за нафтени деривати од Унгарија, што би довело до намалување на бројот на работните места. Во врска со ИНА поранешниот хрватски премиер Иво Санадер беше осуден, меѓу другото, за земање мито од групацијата МОЛ со цел да ѝ овозможи да ја преземе контролата врз ИНА.

XS
SM
MD
LG