Достапни линкови

Најгледаните алпинистички филмови конечно во Македонија


„РИАЛ РОК 9: Бунт во долината – Револуција во Јосемити“, е насловен настанот што ќе се одржи оваа среда, на 26 ноември, во 19.30 часот, во Џебното кино на Младинскиот културен центар во Скопје. Станува збор за случување што као организатори го потпишуваат Солис во соработка со Ски Македонија и Аутдор колектив и кое по прв пат кај нас ја носи традиционаната турнеја со најдобрите и најгледаните светски алпинистички филмови.

Најдобрите и најгледаните алпинистички филмови во светот конечно доаѓаат во Скопје. Со одржувањето на „РИАЛ РОК: Бунт во долината – Револуција во Јосемити“, културниот настан што како организатори го потпишуваат „Солис“ во соработка со „Ски Македонија“ и „Аутдор колектив“ и кој е предвидено да се случи оваа среда во Џебното кино на Младинскиот културен центар, Македонија по прв пат ќе стане една од дестинациите на традиционалната филмска турнеја. Всушност, на нејзиното актуелно деветто издание кое започна на 11 септември и ќе кулминира во јануари наредната година.

На исто ниво со сите поголеми градови во светот, благодарение на подршката од Амбасадата на САД во земјава, и Скопје ќе има прилика да го види овој филм којшто се однесува на најголемите достигнувања во алпинизмот, спортското качување и високогорството.

„На исто ниво со сите поголеми градови во светот, благодарение на подршката од Амбасадата на САД во земјава, и Скопје ќе има прилика да го види овој филм којшто се однесува на најголемите достигнувања во алпинизмот, спортското качување и високогорството. Се работи за еден доста значаен филмски серијал чиешто значење оваа година е доста поголемо бидејќи по прв пат го прикажува долгометражниот филм „Valley Uprising“ или „Бунтот во долината“, којшто, пак, се однесува на историјата на алпинизмот и качувањето воопшто и се бави со сторијата на најпознатиот локалитет за качување воопшто – долината Јосемити“, истакнува Тони Димитров, еден од луѓето вклучени во организацијата на овој настан.

Александар Кирковски од планинарскиот клуб „Македон“ ќе го претстави своето искачување на врвот Матерхорн. Како повод за тоа е земена 150-годишнината од неговото првично освојување. Ќе има и изложба со фотографии од македонските планини и уште многу други пропратни настани.

Сторијата вели дека во долината Јосемити, Калифорнија - местото на високи гранитни ѕидови и светски најпознатиот национален парк - се случува епска драма на ривалство, авантура и бунт во текот на изминатиот половина век. Во основа, сè започнува во Америка во доцните 1950-ти, кога битниците го затресоа комфорот на џез клубовите во Сан Франциско, додека друга група брадести млади луѓе се насочи кон планините во Сиера Невада, насочени кон тоа да ги прекршат правилата на нивен начин. Заменувајќи го комфорот на припадноста на средната класа со можноста да станат легенди, тие намислија да го сторат непоимливото: да ги искачат 3000 стапки високите, исправени ѕидови на Јосемити.

Всушност „Бунтот во долината“, документарецот на американските филмаџии Питер Мотимер и Ник Росен ја раскажува токму оваа извонредна и несекојдневна приказна. Преку дигитално анимирани фотографии од архивите, спектакуларни филмски сцени од денешнината и минатото и интервјуа со великаните од Јосемити, тој говори за храбрите мажи и жени кои ги прекршиле правилата и ги редефинирале границите на човековите можности во најпознатиот национален парк во Америка.

Инаку, овој документарец е добитник и на највисоката награда на Banff Mountain, еден од најзначајните филмски фестивали за планински филм.

Од друга страна, за РИАЛ РОК проекциите се вели дека тоа се духовни настани каде алпинистите, авантуристите и љубителите на природата се здружуваат за да ја прослават и искусат сржта на овј тип филмски остварувања и дека вообичаено тие попримаат и регионален карактер. Од таму разбирливо е што на скопското издание ќе има и претставување на гостите од Србија, Оutdoor collective, кратки видеа од тамошната качувачка сцена, презентација за етика во качувањето под наслов „Не оставај трага“, интервју со Бреди Робинсон од РИАЛ РОК ТУР – Белград, а настанот во случајов ќе добие и оригинална наша нитка.

„Александар Кирковски од планинарскиот клуб „Македон“ ќе го претстави своето искачување на врвот Матерхорн. Како повод за тоа е земена 150-годишнината од неговото првично освојување. Ќе има и изложба со фотографии од македонските планини и уште многу други пропратни настани, така што тоа ќе биде поразлично и дефинитивно фокусирано и на локалниот контекст ова издание на РИАЛ РОК“, потенцира Димитров, кој заедно со Христијан Трајчевски е автор на фотографиите.

Кон ова само уште информацијата дека минатата година серијалот РИАЛ РОК е прикажан на повеќе од 400 локации во светот, привлече повеќе од 100.000 посетители, собра над 35.000 долари за разни активистички цели и склучи партнерство со повеќе од 150 разни претставници, качувачки и болдер сали и забележа извонредна медиумска покриеност и пофални критики.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG