Достапни линкови

Најмалку осум загинати во бомбашки напади во Авганистан


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку осум луѓе, вклучувајќи и двајца припадници на НАТО, загнале во два одделни бомбашки напади во Авганистан, соопштија тамошните власти. Шестмина цивили загинале, а петмина биле повредени во експлозија на бомба поставена на моторцикл во населена област во провинцијата Кундуз на северот на земјата. Војниците, пак, биле убиени кога експлодирала бомба поставена на велосипед во близина на воен конвој во источен Кабул. Портпаролот на НАТО го потврди нападот, но не ја откри националноста на војниците.

XS
SM
MD
LG