Достапни линкови

Партијата на Ле Пен зела кредит од руска банка


Марин Ле Пен.

Марин Ле Пен.

Француската крајно десничарска партија Национален фронт, предводена од Марин Ле Пен, соопшти дека добила кредит од девет милиони евра од руска банка. Благајникот на партијата, Валеран де Сен Џас, изјави дека договорот со Првата чешко-руска банка бил потпишан во септември и оти кредитот е за финансирање на изборната кампања. Според него, на партијата ѝ требаат околу 40 милиони евра за кампањата за парламентарните избори во 2017 година. Вели дека побарале кредит од руската банка, откако француските и европските банки ги одбиле нивните барања за заем. Партијата веќе ги добила првите два милиони евра од заемот.

XS
SM
MD
LG