Достапни линкови

Русија губи по 40 милијарди долари годишно поради санкциите


Рускиот министер за финансии, Антон Силуанов.

Рускиот министер за финансии, Антон Силуанов.

Рускиот министер за финансии, Антон Силуанов, изјави дека неговата земја смета дека ќе губи по 40 милијарди долари годишно поради западните санкции.

„Губиме околу 40 милијарди годишно поради геополитичките санкции и 90 до 100 милијарди долари годишно поради намалувањето на цената на нафтата за 30 проценти“, рече вчера тој.

САД, ЕУ и други земји воведоа серија санкции против Русија, поради нејзината улога во конфликтот во источна Украина и нелегалната анкесија на Крим од Украина во март годинава. Санкциите и падот на цената на нафтата доведоа до драстично намалување на вредноста на руската рубља, која изгуби повеќе од 30 отсто од вредноста од март досега.

XS
SM
MD
LG