Достапни линкови

И вработените ќе станат хонорарци


Кога давачките се исти, тогаш зошто воопшто би вработувале луѓе, да им даваме годишен одмор, боледување или К-15, кога можеме да ги држиме како хонорарци, вели претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис.

Измените во законите со кои ќе се оданочува здравственото и пензиското осигурување на хонорарците, ќе биде зелено светло за во македонските редакции да нема повеќе вработени, изјави претседaтелката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници Тамара Чаусидис по конференцијата на која беше презентирано истражувањето за прекраната работа во медиумите во земјава.

Кога давачките се исти, тогаш зошто воопшто би вработувале луѓе според Законот за работни односи, да им даваме годишен одмор, да им даваме боледување, да им даваме К-15, кога можеме да ги држиме како хонорарци и со еден телефонски повик и кога едноставно ќе ни притреба, ќе се ослободиме од нив.
Тамара Чаусидис, претседателка на новинарскиот синдикат.

Според неа, иако трошоците треба да паднат на товар на работодавачите, во пракса таа очекува тие да влезат во нето платата на оној што е во хонорарен или друг вид на прекарен однос, а според истражувањето, во такава ситуација се наоѓаат три четвртини од новинарите.

Претседателката на ССНМ Тамара Чаусидис.
Претседателката на ССНМ Тамара Чаусидис.

„Бидејќи кога давачките се исти, тогаш зошто воопшто би вработувале луѓе според Законот за работни односи, да им даваме годишен одмор, да им даваме боледување, да им даваме К-15, кога можеме да ги држиме како хонорарци и со еден телефонски повик и кога едноставно ќе ни притреба, ќе се ослободиме од нив. Тоа не е така според Законот за работни односи и ние сега со овие измени се соочуваме со опасност 100 отсто од редакциите да ни бидат хонорарци“, вели Чаусидис.

Наводно, главната цел на државата беше дополнително заштитување на работниците, но самите синдикати и здруженија на работниците за работнички права посочуваат дека тоа нема да биде така, дека нема да резултира со пријавување на дополнителен број на вработени, туку со хонораризација на веќе вработените, дури и отпуштање на хонорарците, бидејќи се зголемуваат трошоците на газдите.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Експертот за работнички права Здравко Савески вели дека несигурноста на работното место е голем проблем и не е случајна, туку е резултат на високата невработеност и на постојана флексибилизацијата на пазарот на труд која ја врши државата. Според него, новото решение за хонорарците може да заврши на штета на работниците.

„Наводно, главната цел на државата беше дополнително заштитување на работниците, но самите синдикати и здруженија на работниците за работнички права посочуваат дека тоа нема да биде така, дека нема да резултира со пријавување на дополнителен број на вработени, туку со хонораризација на веќе вработените, дури и отпуштање на хонорарците, бидејќи се зголемуваат трошоците на газдите“, вели тој.

Според Савески, и досега имало механизам преку кој можел да се реши статусот на хонорарците.

„На држава не и требаше, ако грижата за работниците беше во прв план, да воведува придонеси за задолжително социјално осигурување, туку едноставно требаше нејзиниот Инспекторат за труд да излезе на терен и да ги санкционира прикриените работни односи за да бидат пријавени“, вели Савески.

Според истражувањето, 77 отсто од новинарите се изјасниле дека нивното вработување е несигурно. Чаусидис вели дека тоа се должи на условите во кои функционираат новинарите од кои голем дел се наоѓаат во таканаречена прекарна, односно секоја работа која е несигурна, зависна, условена и која е нерамноправна и во која нема никаква елементарна заштита. Според неа, тоа се луѓе кои може да бидат лесно отпуштени и се деградирани во редакциите.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG