Достапни линкови

Мемети: Најголем број претставки за судството


Најголем дел од претставките на граѓаните доставни до институцијата Народен правобранител се однесуваат на неправилности и забелешки во областа на правосудството и тоа од најразличен вид, потоа прашања од имотно-правните односи, правата на работниците, работата на полицијата, условите во казнено-поправните институции, истакна Иџет Мемети, народниот правобранител во рамки на дводневната конференција посветена на правата на граѓаните во постапките на извршување и избирачкото право што се одржува во Охрид. Мемети додаде дека, иако дел од проблемите се надминати, граѓаните и натаму се соочуваат со проблеми, како случаите кога банките при спроведување извршни решенија зафаќаат повеќе од третина од вкупните приходи на граѓаните, што исто така е спротивно на законите.

XS
SM
MD
LG