Достапни линкови

Турската полиција со солзавец против опозицискиот подмладок


Архивска фотографија: Протести во паркот Гези во Истанбул.

Архивска фотографија: Протести во паркот Гези во Истанбул.

Турската полиција вчера употреби солзавец во паркот Гези во Истанбул врз членови на подмладокот на опозициската Народнорепубликанска партија, кои сакале да дадат изјави за медиумите, објави „Хуриет дејли њуз“.

Членовите на младинскиот огранок на Народнорепубликанска партија, лидери на социјалдемократската и социјалистичката младина од странство, кои пристигнале за учество на средба во Истанбул, се собрале вчера крај паркот Гези, за да прочитаат соопштение за медиуми, но полицијата не ги пуштила да влезат во паркот.

Лидерот на младинската НРП Ирфан Инанч Јилдиз побарал дозвола од полицијата да даде изјава за медиуми во паркот заедно со млади лидери од САД, Палестина, Тунис, Израел и други земји, но барањето било отфрлено. Откако групата се упатила кон паркот, полицијата употребила солзавец, за да ги растера.

XS
SM
MD
LG