Достапни линкови

Климатските промени ќе ги преполоват приносите во Македонија


Илустрација.

Илустрација.

Климатските промени до 2050 година можат да ги преполоват приносите на земјоделските култури во Македонија, предупредува Светска банка во најновиот Извештај за влијанијата на климатските промени во Западен Балкан, Русија и Централна Азија што вчера беше објавен во Вашингтон.

Според извештајот, во делови од Западен Балкан и Централна Азија, екстремно топло ќе биде во повеќе од 60 отсто од летните месеци, а овој процент може да се зголеми за 20 отсто доколку просечното затоплување порасне за 4 целзиусови степени.

„Во Западен Балкан климатските промени ќе предизвикаат зголемен ризик за земјоделството, енергетиката и здравјето на луѓето. Просечното зголемување на температурата за два степена веќе има значајни влијанија, особено во Македонија, каде што до 2050 година ќе предизвика 50-отстотно намалување на приносите кај пченката, пченицата, зеленчукот и грозјето“, се вели во извештајот на Светската банка.

XS
SM
MD
LG