Достапни линкови

logo-print

Тешко до договор за иранската нуклеарна програма


Во Виена истекува рокот за постигнување постојан договор меѓу Иран и шестте светски сили за контроверната иранска нуклеарна програма. Според официјални извори блиски до преговарачките тимови, по се изгледа, не ќе биде можно да се постигне согланост пред денеска на полноќ по средноевропско време. Станува збор за гаранции од Техеран дека нема да развива програма за нуклеарно оружје за што за возврат ќе добие укинување на санкциите од Соединетите држави и Европската унија. Се дознава дека американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф разговарале и за можноста за продолжување на конечниот рок. Вчера во Виена пристигна и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

XS
SM
MD
LG