Достапни линкови

logo-print

Ирачките сили ја вратиле контролата врз неколку градови


Ирачките сили соопштија дека вчера успеале повторно да освојат два града североисточно од Багдад кои биле под контрола на милитантите на Исламската држава. Притоа, како што се наведува, биле убиени пеесетина милитанти, но оти имало и загинати и на страната на курдските борци. Во истовреме продолжувале борбите во околината на Рамади, во провинцијата Анбар. Поддржани од воздушни напади предводени од Соединетите држави, ирачката армија и курдските борци во изминативе денови ја вратија контролата врз неколку градови во Ирак. Сепак, милитантите и натаму контролираат големи делови, вклучувајќи ги и градовите Мосул, Тикрит и Фалуџа.

XS
SM
MD
LG