Достапни линкови

Правила за руските новинари на социјалните мрежи


Московското Ехо радио соопшти дека подготвува правила за однесувањето на вработените на социјалните мрежи откако еден новинар испратил контроверзна порака на Твитер. На 6 ноември шефот на државната нафтена компанија Газпром Михаел Лесин кој е сопственик на ова московско радио нареди отпуштање од работа на водителот Александар Пљушчев откако на Твитер постирал порака за смртта на Александар Иванов, син на шефот на кабинетот на Кремљ Сергеј Иванов. Објавата дека се планирани правила за однесувањето на руските новинари на социјалните мрежи предизика остри реакции во Русија.

XS
SM
MD
LG