Достапни линкови

Сојуз успешно се спои со Меѓународната вселенска станица


НАСА соопшти дека руската капсула Сојуз во која се наоѓала првата италијанка астронаут безбедно се споила со Меѓународната вселенска станица. Саманта Кристофорети заедно со рускиот астронаут Антон Шкаплеров и американскиот астронаут Тери Виртс пристигнале на Меѓународната станица шест часа откако капсулата Сојуз била лансирана од космодромот Бајконур во Казахстан. На Вселенската станица веќе престојува русинката Јелена Серова со што за прв пат во изминативе 16 години меѓу шестчлениот екипаж во исто време ќе има и две жени.

XS
SM
MD
LG