Достапни линкови

logo-print

Неделен печат - Прекардашијан и од власта и од опозицијата


Република пишува за создавањето на опозициски Франкештајн, Глобус дека власта си измислува непријатели, а Фокус ја споредува политичката сцена со реално шоу.

Република - Создавањето на македонскиот опозициски Франкештајн

Заглавени во сопствената безидејност и востановената мрзливост, македонските опозиционери се решија за најлесното решение - копирање на туѓата политика.

„Ултрабалканизација на 'државотворците' - Создавањето на македонскиот опозициски Франкештајн“ - ги анализира Република состојбите и потезите на опозициската СДСМ, за која смета дека од „државотворна“ партија сè повеќе наликува на антидржавен елемент. Заглавени во сопствената безидејност и востановената мрзливост, македонските опозиционери се решија за најлесното решение - копирање на туѓата политика, тврди неделникот. Авторот на текстот објаснува дека тоа се вокабуларот на Грција, бојкотот на албанската опозиција, безидејноста на српската опозиција и измислените еден милион фантомски гласачи на бугарската опозиција, кои, како што дообјаснува, го оформиле ликот и делото на опозициското чудовиште во Македонија - македонскиот политички Франкештајн.

Дпмнето, едноставно, не може да живее без непријатели, затоа и ги измислува. Главната цел на серијалот манипулации е да се сврти вниманието на јавноста. И најновото обвинение и потерницата против „соросоиди - агенти“ се распишани во време кога има низа настани за криење и прикривање, а списокот е долг, но после ракетирањето, а особено после пожарот на владината зграда, беше особено важно да се прикрие срамот на „пластикарската палата“.

Глобус - Власта си измислува непријатели

За измислувањето непријатели со кои власта постојано „војува“ пишува авторот на редовната колумна Таленти во Глобус, наведувајќи дека изминатите години се непрекинат серијал, блуткава и невкусна сапуница на пресметка на власта и партијата, што е исто, вели, со своите „непријатели“. Дпмнето, едноставно, не може да живее без непријатели, затоа и ги измислува. Главната цел на серијалот манипулации е да се сврти вниманието на јавноста. И најновото обвинение и потерницата против „соросоиди - агенти“ се распишани во време кога има низа настани за криење и прикривање, а списокот е долг, но после ракетирањето, а особено после пожарот на владината зграда, беше особено важно да се прикрие срамот на „пластикарската палата“. Да не се види дека целиот проект Скопје 2014 се сведува на фалсификат, на евтина пластика и стиропор. И преговорите за името се главното и последно сидро врз кое се крепи оваа власт. Инаетењето на дпмнеовци со антиквизацијата, градењето споменици и со фалсификувана историја всушност ги закочи преговорите и ги зајакна позициите на Грција. Придонесе решението за името да се одложува до негоглед. Но, предвидува колумнистот, спорот ќе мора кога-тога да се реши со компромис и тогаш ќе се разоткрие целата вистина за непопустливите позиции, за сценаријата и режиите градени во пластикарската „палата“. Ќе се покаже и кои биле измислени, а кои вистинските непријатели на народот.

Фокус - Прекардашијан

„Прекардашијан“ е насловена воведната колумна на Фокус, во која авторката наведува дека политичката сцена во земјава наликува на големо риалити шоу ала Кардашијанс. Ги следиме, пишува, сите забавни и помалку забавни моменти од фамилијата на власт, која не губи на популарност неколку сезони. Само што, прашање на време е кога кардашијан ќе станат прекардашијан. А и опозицијата со пимплање на „бомбата“ мислам дека го прекардаши. Со таква тактика за стратегија, ќе пресвиснеме, чекајќи ја бомбата, пишува Фокус.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG