Достапни линкови

Нигерија:Убиени 48 продавачи на риба


Членовитете на исламските екстремисти од организацијата Боко Харам убиле 48 продавачи на риба во нигериската држава Борно во близина на границата со Чад, објавија агенциите.

Голем број на борци од Боко Харам го блокирале патот кој ги поврзува Нигерија и Чад, во близина на рибарското село Дорон Бага на бреговите на езерото Чад и убиле група од 48 трговци кои отишле да купат риба, изјави претседателот на риболовската трговска асоцијација Абубакар Гаманди.

Организацијата Боко Харам се бори за воведување на шеријат и е одговорна за смртта на илјадници луѓе во минатото.

XS
SM
MD
LG