Достапни линкови

logo-print

Во Кипар од море спасени 228 мигранти од Сирија


Група од 228 сириски бегалци се спасени од оштетен брод што пловел во немирното море на северниот брег на Кипар, соопштија денеска властите од овој дел на поделениот остров.

Министерот за транспорт на турскиот дел на Кипар, Хасан Такој, за американските медиуми изјви дека мигрантите, меѓу кои имало и 25 деца, добиле лекарска помош и сега се сместени во спортска хала во крајбрежниот град Гирне (Киренија).

Такој изјави дека властите синоќа примиле повик за помош од товарниот брод „Хаџ Захер“, што пловел под знамето на Танзанија, и дека овој пловен објект се наоѓал на десетина метри од брегот.

Силниот ветар и немирното море го попречувале пристапот на бродовите на крајбрежната стража до товарниот брод.

Друг пловен објект, меѓутоа, успеал да дојде до товарниот брод и да го довлече до брегот

XS
SM
MD
LG