Достапни линкови

logo-print

Специјалниот суд за воени злосторства во Косово ќе биде во Холандија


Седиштето на Специјалниот меѓународен суд за воени злосторства во Косово ќе биде во Холандија, а неговото формирање не може да се очекува пред следното лето, пренесе Танјуг,повикувајќи се на изјава на холандскиот амбасадор во Приштина, Роберт Бош.

-Холандија позитивно одговори на барањето за формирање на овој суд, што соодветствува на нејзините амбиции да биде светски центар на правосудството, но за реализацијата на овој проект, пред се,е потребна одлука на косовскиот Парламент, рече Бош за косовската телевизија РТВ21.

Амбасадорот забележа дека политичката криза во Косово, каде пет месеци по изборите уште нема активен Парламент и Влада, го одлага решавањето на овој проблем.

XS
SM
MD
LG