Достапни линкови

Најмалку 550 Германци и се придружиле нa Исламската држава


Шефот на германската разузнавачка агенција Ханс Георг Масен изјави дека околу 550 граѓани на земјата отпатувале во Сирија и Ирак за да им се придружат на милитантите од Исламската држава. Тој во инервју за весникот "Велт ам зонтаг" наведува дека бројот на Германците кои се борат на иста страна со милитанти се искачил на 450, а дека околу 60 биле убиени во борбите, од кои најмалку девет во самоубиствени напади. Претходно овој месец Германија спроведе голема акција против осомничени исламисти во таа земја , при што беа приведени девет лица.

XS
SM
MD
LG