Достапни линкови

По снежната бура западниот дел од Њујорк се подготвува за масовни поплави


Североистчниот дел на САД, по снежната бура која зема 13 животи, денеска се подготвува за поплави поради најавеното затоплување кое ќе го стопи снегот.

Националната хидрометеоролошка служба издаде предупредување дека снегот во најтешко погодените подрачја содржи 10 до 15 сантиметри вода. Западниот дел од сојузната држава Њујорк, во изминатите четири дена ги затрупа снег во височина од повеќе од два метра.Повеќе од 600.000 луѓе кои живеат во тие области беа заробени во своите домови со денови, не можејќи да излезат од вратите поради обилните снежни врнежи

Американскиот Црвен крст го повика населението да се евакуира од повеќе области. Властите на државата Њујорк ставуваат дека поплавниот бран ќе урне некои згради, а се заканува и уривање на покриви од товарот на наврнатиот снег.

XS
SM
MD
LG