Достапни линкови

Авганистан: Парламентот ги одобри договорите со САД и со НАТО



Парламентот на Авганистан ги одобри билатералните договори за безбедност со САД и со НАТО што им овозможуваат на меѓународните сили да останат во Авганистан по истекот на оваа година. Претседателот на Парламентот Абдул Рауф Ибрахими објави дека мнозинството од пратениците гласале за договорите. Со ова Парламентот им овозможи на САД и НАТО да задржат околу 12.000 војници во Авганистан следната година за поддршка на локалните сили. До ова дојде откако официјални претставници на администрацијата кажаа дека американскиот претседател Барак Обама одобрил нови насоки што ќе им овозможи на американските сили да се ангажираат и против талибанските борци, а не само против терористите на Ал Каеда, како и да се вклучат во обезбедување воздушна поддршка кога е потребно.

XS
SM
MD
LG