Достапни линкови

logo-print

Земјотрес во Јaпонија,39 повредени


Најмалку 39 лица, од кои седум потешко, се повредени во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, кој го погоди централниот дел на Јапонија.

Најсилен удар претрпеа селата Хакуба и Огава, како и градот Нагано каде се уништени најмалку 30 домови.

Во неколку населби прекинато е снабдувањето со вода, која се транспортира со танкери, а во областите во близина на епицентарот евакуирани се околу илјада луѓе.

Нема предупредување за цунами а надлежните јапонски власти велат дека не се регистрирани никакви необична појави во трите нуклеарни централи во погодените области.


XS
SM
MD
LG