Достапни линкови

logo-print

Бајден од Турција со порака за зајакнување на сириската опозиција


Американскиот заменик-претседател Џо Бајден изјави дека разговарал со турскиот претседател Ердоган како да се зајакне сириската опозиција и да се направи дистанцирaње од режимот на Асад.Бајден ова го кажа вчера на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по нивните разговори во Истанбул. Бајден беше во Турција за да ја притисне Анкара да одигра поголема улога во борбата против милитантите од Исламската држава. Вашингтон сака пристап до воздухопловната база Инџирлик, со што ќе им овозможи на авионите на меѓународната коалиција да бидат поблиску до своите цели во Ирак и Сирија. Сепак, нема потврда од Турција за тоа дали ќе им биде даден таков пристап. Ердоган претходно изјави дека тој има своја барања за Вашингтон. Тој претходно изјави дека главната цел на меѓународната коалиција треба да биде соборување на Асад, наместо борба против милитантите од Исламската држава.


XS
SM
MD
LG