Достапни линкови

Груевски: Државниот испит значи да за знаење, стоп за купени дипломи


Државениот испит има за цел да го унапреди квалитетот на виското образование и да се стави крај на појавата на купени дипломи, изјави вечерва премиерот Никола Груевски во интервју за Дневникот на ТВ Сител.

Тој појасни дека екстерно тестирање во виското образование не се планира и нема да има, а она што се разгледува е воведување државен испит.

Следно што е значајно, според него, е дека овој испит ќе започне од следната учебна година и ќе ги зафати студентите што тогаш ќе се запишат

Според него, политиката е таа што ги вади студентите на улица.

Премиерот Груевски изјави дека Поглаварот на ИВЗ се постави како партиски и политички, а не верски лидер.

Поглавартот во неговата колумна ги навреди чувствата на Македонци со муслиманска вероисповед, изјави премиерот Груевски, нарекувајќи ја колумната голема грешка.

Тој изјави дека наспроти негативната кампања и некаква „бомба“ со која СДСМ се заканува, Владата е фокусирана на решавање на проблемите на граѓаните и на реформите.

Ние работиме друг тип на бомби. Еве спремаме една бомбичка, но позитивна со која ќе решиме долгогодишен проблем на илјадници луѓе во Македонија. рече вечерва Груевски

XS
SM
MD
LG