Достапни линкови

Во Тирана денеска протести против владата


Антивладините протести, што денеска се оддржаа во Тирана, минаа мирно и на нив според проценката на организаторите, опозициската Демократска партија и обединетите синдикати,присуствувале над 250 илјади лица.

Симпатизери и членови на опозицијата, како и обични граѓани се собраа на плоштадот „Скендер бег“ и со пароли на кои пишуваше „Сакаме работа“, „против поскапување на струјата и зголемување на даноците“, “Рама оди си“… се упатија кон проштадот „Народни херои“ и запреа пред Владата.

Покрај неколкуте говорници, пред насобраните се обрати и лидерот на опозициските демократи, Љуљзим Баша, кој прво иронично се обрати до актуелниот премиер Еди Рама, велејќи дека за да не гледа колкав е бројот на насобраните на протестот се скрил во подземниот бункер на диктаторот Енвер Хоџа, кој инаку денеска беше за првпат отворен за јавноста.

Според Баша, албанските граѓани денеска не посакуваат пропаганди и реклами, туку работа и достоинство и влада која нема да гилаже, туку ќе гарантира безбедна иднина

XS
SM
MD
LG