Достапни линкови

logo-print

Хартман:Пресудата за Шешељ во Хаг е веќе напишана


Поранешната портпаролка на обвинителството на Меѓународниот трибунал во Хаг, Флоранс Хартман, изјави дека е недозволиво привременото ослободување на лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, бидејќи пресудата против него веќе е напишана, иако не е и објавена

-Пресудата е веќе напишана, а никој не сака да каже каква е казната. Шешељ не е толку болен да не може да го ислуша нејзиното објавување, рече Хартман во интервју за словенечкиот дневен весник „Дело“.

Таа оцени дека ослободувањето на Шешељ е неоправдано и од гледна точка на правата на човекот, подвлекувајќи дека „никој не сака да умре без да добие одговор на прашањето дали е виновен или не“.

Поранешната портпаролка на хашкото обвинителство го обвини трибуналот за неодговорност и подвлече дека за неговата работа се плаќаат огромни
суми, а во замена за тоа се добива само „обид за ревидирање на историјата на конфликтите.

XS
SM
MD
LG