Достапни линкови

На Блаце запленети 188 илјади евра и шест килограми марихуана



Царинските службеници од Одделението за оперативни работи вчера во два одвоени случаи на граничниот премин Блаце спречиле обид за шверц на 188 илјади евра и шест килограми марихуана.

Во првиот случај, при контрола на возило со скопски регистерски ознаки, пријавено за излез од Македонија, кај македонска државјанка со иницијали М.Е. пронајдени се непријавени 190 илјади евра.
Царинската управа, против лицето М.Е. Започнала соодветна прекршочна постапка.

Во вториот случај околу пладне, на граничниот премин Блаце за влез во Македонија во возило „Опел Астра“ со германски регистарски таблици, управувано од лицето В.Б. (42 ), во кое како сопатник патувало и А.Ф. (28) двајцата државјани на Република Германија, дрогата била откриена во внатрешноста на задните седишта под тапацирот.

Вредноста на запленетата опојна дрога на западно европскиот нарко пазар се проценува на околу 20.000 евра.

XS
SM
MD
LG