Достапни линкови

Две жени во екипажот на Меѓународната Вселенска станица



Првата жена астронаут од Италија Саманта Кристофорети ќе отпатува кон Меѓународната вселенска станица во недела каде ќе и се придружи на русинката Елена Серова како дел од шестчлениот астронаутски тим од ракетата Сојуз. Лансирањето е закажано на 23 ноември од космодромот во Казахстан.Ова е втор пат во 16 годишната историја на Меѓународната вселенска станица во екипаж кој има подолг престој да има две жени. Предвидено е тие да поминат шест месеци, како членови на екипажот во вселенската станица . 37-годишниот Кристоферети е борбен пилот и капетан во италијанските воздухопловни сили. Серова е само една од четирите русинки кои беа испратени во Меѓународната вселенска станица .Двете жени одат по стапките на шест Американки кои имаа подолг престој во вселенската станица во 2010 година.

XS
SM
MD
LG