Достапни линкови

logo-print

Кенија:Најмалку 28 патници убиени во киднапирање автобус


Полицијата во Кенија соопшти дека најмалку 28 патници се убиени кога милитантите од групата Ал Шабаб киднапирале автобус. Автобусот со 60 патници бил киднапиран во североисточниот дел на Кенија на границата со Сомалија. Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот, соопштувајќи дека тоа е одмазда за нападите врз џамии во пристанишниот град Момбаса. Кенија е мета на напади на милитантите од Ал Шабаб откако испрати свои војници во Сомалија во октомври 2011 година.

XS
SM
MD
LG