Достапни линкови

logo-print

Бајден ги повика државите да се фокусираат на енергетската безбедност


Американскиот потпретседател Џо Бајден рече дека Европа треба да продолжи да го проширува снабдувањето со енергија за да ја намали зависноста од Русија. Бајден, на Атланскиот совет во Истанбул денеска рече дека не треба да и се дозволи на Русија да ги користи гасот и нафтата како геополитички алатки. Тој додаде дека конфликтот во Украина ја нагласува итноста на проблемот. Русија, Украина и Европската унија неодамна постигнаа договор со кој се гарантира испораката на руски гас. Договорот ги олесни стравувањата од повторување на ситуацијата како зимата во 2009 година, кога спорот околу Украинската сметка за гас ја поттикна Русија да го исклучи снабдувањето со енергија во Европа за речиси две недели. Бајден е во Турција, каде исто така разговара за конфликтот во Сирија и Ирак со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

XS
SM
MD
LG