Достапни линкови

Киев:Русија има 7.500 војници во Украина


Министерот за одбрана на Украина Степан Полтрок вели дека Русија има 7.500 војници во источниот дел на земјата, каде што про-московските сепаратисти се борат со владините сили со месеци. Тој во изјавата објавена на веб-страницата на министерството наведува дека присуството на руските вооружени сили во Украина ја дестабилизира ситуацијата. Тој додаде дека Украина планира зголемување на украинските армиски сили и на оружјето во најскоро време. Во меѓувреме официјални безбедносни лица во Киев, соопштија дека четири украински војници загинале , а 10 биле повредени во источниот дел на земјата во последните 24 часа.

XS
SM
MD
LG