Достапни линкови

logo-print

Бајден во посета на Турција


Американскиот заменик-претседател Џо Бајден е во посета на Турција со цел да ги убеди турските лидери да заземат поголема улога во меѓународната коалиција предводена од САД против милитантите од Исламската држава. Бајден, исто така, се очекува да се обиде да ги смири тензиите кои се појавија меѓу Вашингтон и Анкара поради одбивање на Турција за нејзина воена улога во борбата. Бајден пристигна во Истанбул синоќа во рамки на неговата тридневна посета и веднаш отиде на разговори со премиерот Ахмет Давутоглу. Тој денеска треба да се состане и со претседателот Реџеп Таип Ердоган, пред да ја напушти Турција на 23 ноември.

XS
SM
MD
LG