Достапни линкови

logo-print

Во Истанбул убиен навивач на Црвена ѕвезда



Припадник на навивачката група „Делије“ синоќа е убиен во Истанбул пред салата „Абди Ипекчи“ каде се играше натпреварот од кошаркарската Евролига меѓу домашниот Галатасарај и Црвена ѕвезда.

Инцидентот се случил за време на судирот на српските навивачи со турската полиција, бидејќи Делиите, преку 400 на број, според организаторот, сакале да влезат во салата без билети. Тогаш се замешале и навивачите на Галатасарај, а еден од нив со нож му нанел смртоносен убод на 25-годишниот несреќник.

Повредениот веднаш бил префрлен во болница каде турските лекари се бореле за неговиот живот, но не успеале поради обилното крварење.

Овој инцидент предизвика огромен револт во Србија. Првиот човек на Црвена ѕвезда Небојша Човиќ истакна дека ниту една победа не е поважна од човечки живот.

Во таборот на белграѓани владее разочарување од настаните пред салата, а во многуте изјави за трагедијата со нивниот навивач се потенцира гостопримството кое му беше приредено на турскиот клуб кога гостуваше во Белград.

Натпреварот во Истанбул заврши со победа на Галатасарај од 110:103 по две продолженија.

XS
SM
MD
LG