Достапни линкови

Обама ја проширува мисијата во Авганистан


"Њујорк тајмс" објави дека американскиот претседател Барак Обама одобрил патокази за проширување на мисијата на американските војници во Авганистан која до сега беше ограничена на терористички акции против Ал Каеда. Обама претходно изјави дека борбените операции на НАТО во Авганистан ќе завршат до крајот на 2014 година Мисијата првично беше фокусирана на поддршка на авганистанските сили. Но, "Њујорк тајмс", денеска објави дека цел на Обама е да ги овласти војници да продолжат со борби против милитантите во Авганистан, вклучувајќи и операции против Талибанците, ако тие им се закануваат на американските сили или на авганистанската влада. Новите патокази исто така овозможуваат американска воздушна поддршка за време на авганистанските борбени мисии.Против терористичката мисија на американските војници е планирана за наредните две години.

XS
SM
MD
LG