Достапни линкови

logo-print

Има надеж


Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

Сега, можам слободно да кажам дека за Македонија има надеж, дека процесот на будење на таа најбурната критична маса – младите, е на добар пат утре безкомпромисно да се избори за некакви промени во државава, пишува Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Македонија, крај на 2014 година, по осум години едновластие состојбата наместо да донесе промени таа се закоренува, во ова скоро затворено општество. Луѓето тука живеат од ден за ден, во надеж дека некогаш ќе се врати и Македонија на стариот пат, дека ќе се промени ова загадено општество и ќе почне да размислува за помалку црни работи, отколку сега кога Македонија поради нечии грешки како последица се соочува со доста сериозни предизвици, исклучиво важни за нејзиното население. И тука нема лево – десно, факт е дека не очекуваат уште потешки времиња кои мора да ги издржиме, цврсто, онака како што ни доликува.

На Македонија и се случува „будење“ на заспаниот вулкан наречен млади, движечката сила, одеднаш па макар и на еден ден ја затресе државата и со својот интензитет покажа дека не згаснала, туку дека во секој момент може да се зголемува и да еруптира.

И така додека народот чека промени на позитивно, додека пензионерите си ги уживаат несфатените привилегии, а некои пак чекаат „бомби“, на Македонија и се случува „будење“ на заспаниот вулкан наречен млади, движечката сила, одеднаш па макар и на еден ден ја затресе државата и со својот интензитет покажа дека не згаснала, туку дека во секој момент може да се зголемува и да еруптира.

Со години се трудиме да го издигнеме достоинството на нас, младите, да покажеме и докажеме дека и младите можат да одлучуваат, да дебатираат, да изнаоѓаат решенија но и да решаваат проблеми, како на локално така и на национално ниво.
Формиравме Национален младински совет, локални младински совети, центри, институти, па зарем не Ви е доволно да сфатите дека младите сакаат самите да одлучуваат за себе, дека младите сакаат да се дел од демократсково општество?!

Сега, можам слободно да кажам дека за Македонија има надеж, дека процесот на будење на таа најбурната критична маса – младите, е на добар пат утре безкомпромисно да се избори за некакви промени во државава. Младинскиот активизам всушност е потребниот импулс на младите кои утре ќе застанат во одбрана на своите права но и ќе ги унапредува, почитува и спознава, а со тоа ќе го зголеми учеството и влијанието во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Младинскиот активизам всушност е потребниот импулс на младите кои утре ќе застанат во одбрана на своите права но и ќе ги унапредува, почитува и спознава, а со тоа ќе го зголеми учеството и влијанието во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво

Не должејќи премногу за општите проблеми кои не засегаат токму нас, младите, а реално осум години наназад воопшто и да не се запраша некој дали воопшто младите имаат некаков проблем и со самото тоа да ги доведат до ова дереџе, сакам да ги повикам сите мои колеги, претседатели на политички подмладоци, млади лидери од сите сфери на општественото живеење, невладини организации, младински организации и организации за млади јавно и без трошка размислување да ги поддржат студентите, младите воопшто, во своите намери, истрајно да се изборат за своето достоинство и права пропишани со устав и закони кои важат за целиот свет, а на студентите да не се предаваат и ги издржат сите лажни притисоци кои ги врши токму таа која и ги крши Вашите и нашите права и слободи.

Сите оние кои се уште се плашат на некој начин, а сакаат да ги поддржат, слободно да ги изразат своите барања онака како што тие знаат, бидејќи Ви се плашат, верувајте во себе и донесете ја конечната одлука од која само ние, младите имаме интерес, а утре токму младите ќе ја водат оваа држава.

За крај еден цитат од еден за некого знаен, а за некого незнаен јунак, кажано пред шеснаесет години: „Промените се природна појава. На Македонија и требаат промени, за да биде развиена, стабилна и единствена – како природата“.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG