Достапни линкови

logo-print

Времето денеска ќе биде сончево со локална облачност


Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од девет до 14 степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нулата, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во недела времето претежно ќе биде сончево со студено утро, а преку денот ќе биде малку потопло.

Во понеделник попладне ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд.

XS
SM
MD
LG