Достапни линкови

Договорена економската соработка Русија-Киргистан


Долниот дом на руската Дума денеска го ратификуваше договорот со кој се регулира економската соработка со Киргистан, кога земјата ќе се интегрира во „евроазиските“ структури, како што претседателот Владимир Путин ги опишува односите меѓу Москва со другите поранешни советски републики. Според договорот Киргистан може да добие 1 милијарда долари во готовина и заеми. Русија гарантира дека Киргистан ќе добие пари за проекти во земјоделството, градежништвото, рударството, текстилната индустрија, и тоа околу 500 милиони долари во капитал и најмалку 500 милиони долари во заеми.

Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев изјави дека земјата до крајот на годината ќе се приклучи на Царинската унија, во која сега членуваат Русија, Казахстан и Белорусија.

Царинската унија е претходник на Евроазиската економска унија, која треба да почне да функционира на 1 јануари.

XS
SM
MD
LG