Достапни линкови

Докузовски: Не ми е јасно зошто сум казнет


Дисциплинската комисија на Македонската кошаркарска федерација ги изрече казните за тренерите на кошаркарскиот клуб Работнички за прекинатиот натпревар со МЗТ Скопје Аеродром. Првиот тренер Марин Докузовски ќе мора да „паузира“ шест месеци, а неговиот помошник Марјан Србиновски три месеци.

За изречените казни попладнево со соопштение до јавноста се огласи поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација и во повеќе наврати тренер на Работнички, Марин Докузовски.

„Јас сум професионалец, чии ингеренции почнуваат и завршуваат на теренот, во работата со играчите. Навистина не ми е јасно зошто сум казнет, па уште и со шест месеци. Па, зарем верувате дека има барем еден тренер во светот кој не би дозволил продолжување на натпреварот во кој неговата екипа води со 16 поени разлика и тоа на 13 минути до крајот. Што сум јас, будала за да се предадам во една таква ситуација? Но, ако некој смета дека работите ќе тргнат на подобро во македонската кошарка ако шест месеци бидам надвор од неа, тогаш нека. Јас не се чувствувам виновен и поради тоа немам намера да се жалам до Арбитражата“, вели Докузовски во соопштението.

Покрај тренерите Докузовски и Србиновски, казнет е и претстедателот на КК Работнички Горан Геровски.

XS
SM
MD
LG