Достапни линкови

Треба да се менува законот против дискриминација


Илустрација.
Илустрација.

Законот не воспоставува целосно ефикасна правна и институционална рамка за спречување на дискриминацијата, велат експертите.

Четири години по носењето на Законот за спречување и заштита од дискриминација и три години откако функционира Комисијата, експертската јавност и претставниците на надлежните институции заклучуваат дека законот треба да се менува, а улогата на комисијата да се зацврсне.

Очигледно е дека во Македонија не се третира дискриминацијата, не само на начин на кој што треба да се третира, туку и многу малку предмети има околу таа дискриминација, особено во делот што значи судско постапување.
Маргарита Цаца Николовска, Институтот за човекови права.

Во анализата на Институтот за човекови права за недостатоците на законот се наведува дека тој во целост не воспоставува ефикасна правна и институционална рамка за спречување на дискриминацијата.

„Очигледно е дека во Македонија не се третира дискриминацијата, не само на начин на кој што треба да се третира, туку и многу малку предмети има околу таа дискриминација, особено во делот што значи судско постапување“, вели претседателката на Институтот Маргарита Цаца Николовска.

Како недостаток беше наведено и тоа што комисијата нема акциски план за спроведување на законот за спречување и заштита од дискриминација со јасно дефинирани цели и индикатори на успешноста, додека во делот на законот недостасува формирањето на стручната служба и зголемување на буџетот на комисијата.
Алмира Реџепи, Комисијата за заштита од дискриминација.

Според Маријан Поњавиќ, државен советник за спречување на дискриминација во канцеларијата на Народниот правобранител, при спроведувањето на законот тие вршеле анализи и препознале многу нелогичности и неусогласености со меѓународна регулатива. Тој посочува дека најдобро недостатоците може да се забележат преку работата на комисијата за заштита од дискриминација.

„Ќе се запрашаме дали надлежната комисија за спроведување на референтниот закон има законска можност, адекватни услови, професионален персонал и доволно финансиски средства итн. Одговорот на ова прашање во одреден дел ќе биде негативен“, вели Поњавиќ.

И Алмира Реџепи од Комисијата за заштита од дискриминација посочува дека има проблеми при нивното функционирање кои биле забележани и во анализата на Министерството за труд и социјална политика.

„Како недостаток беше наведено и тоа што комисијата нема акциски план за спроведување на законот за спречување и заштита од дискриминација со јасно дефинирани цели и индикатори на успешноста, додека во делот на законот недостасува формирањето на стручната служба и зголемување на буџетот на комисијата“, вели Реџепи, која рече и дека имало забелешки за пристапноста на канцелариите на комисијата бидејќи се на 20 кат во зградата на Македонската телевизија.

„Добивме одлука од Влада за промена на просториите, после декември очекуваме да се сместиме на 10 кат од МРТВ, до таму има лифт, повремено не работат, ама битно има“, вели Реџепи.

Во анализата на Институтот се посочува дека е потребно и подобрување на содржината на законот, усогласување со меѓународни стандарди, со Уставот и со останатите закони. Паралелно треба да се работи на подигнување на свеста за значењето на антидискриминацијата и човековите права, а исто така се посочува и дека бројот на судските предмети не е на задоволувачко ниво и затоа се советува и судиите повеќе да се запознаат со оваа материја.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG