Достапни линкови

logo-print

Извршени 30 напади врз милитантите на ИД


Кобани.

Кобани.

Во изминатите 72 часа, меѓународната коалиција против милитантите на Исламската држава, изврши 30 напади врз цели во Сирија и Ирак, соопшти денеска американската Централна команда. Според нив 24 напади се спроведени во Ирак, вклучувајќи ги и шестте напади во близина на градот Баиџи. Шест напади биле спроведени во Кобани во Сирија, каде курдските борци се борат против милитантите на ИД. Милитантите пак денеска го нападнаа ирачкиот град Рамади.

XS
SM
MD
LG