Достапни линкови

Горбачов разговорот со Меркел го чува за Путин


Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов, денеска рече дека на претседателот Владимир Путин ќе му го пренесе разговорот со германската канцеларка Ангела Меркел. Горбачов денеска ја промовираше својата книга „После Кремљ“.Тој рече дека за време на одбележувањето на 25 годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, тој зборувал со Меркел.

„Имавме многу интересен разговор, но го чувам за нашиот претседател“, рече Горбачов. Тој рече дека Меркел е многу одговорна политичарка, сугерирајќи дека Путин треба да слуша што таа има да каже.

XS
SM
MD
LG