Достапни линкови

logo-print

Еврокомесарот Хан во посета на Црна Гора


Еврокомесарот за односи со соседните земји и преговори за проширување, Јоханес Хан, денеска во Подгорица изјави дека проширувањето на ЕУ останува приоритет и дека посилното економско поврзување на регионот е шанса за неговиот подобар развој. Хан разговараше со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, со премиерот Мило Ѓукановиќ, шефот на дипломатијата Игор Лукшиќ и со претставници на Парламентот. На заедничката прес конференција со премиерот Ѓукановиќ, еврокомесарот ја поздрави одлуката на Црна Гора за усогласување на нејзината надворешна политика со позициите на ЕУ во врска со Украина.

Тој посочи дека на патот кон ЕУ неопходно е да се постигне напредок во областа на конкурентноста и додаде дека една од клучните цели за земјите кандидатки е засилување на националните економии и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Хан ги поздрави и чекорите на црногорската Влада во сферата на слободата на медиумите и притоа ги повика новинарите да ги почитуваат етичните и професионални стандарди.

XS
SM
MD
LG