Достапни линкови

Бајден од Киев со порака до Москва


Неприфатливо е една земја да се обиде со сила да ги прецрта границите во Европа или да интервенираат воено, само затоа што нивниот сосед направил одлука што не им се допаѓа, рече денеска американскиот потпретседател Џо Бајден при посетата во Киев. Зборувајќи заедно со украинскиот претседател Петро Порошенко, Бајден рече дека ако Москва ги исполни обврските според договорот во Минск за да се стави крај на кризата во Украина и да се почитува интегритетот на земјата, тогаш ние ќе почнеме рационална дискусија за санкциите. Но наместо тоа, ние гледаме бесрамно непочитување на договорот од страна на Москва, вели Бајден. Тој рече дека Вашингтон нема да ја признае руската анексија на Крим и ќе инсистира и други да не го прават тоа. Бајден ја повика украинска влада да работи за поголема интеграција со Европа и за демократска и економска иднина на земјата.

XS
SM
MD
LG