Достапни линкови

Каменувано полициско возило во Студеничани


Архивска фотографија.

Група жители на Студеничани, синоќа каменувале полициско возило за време на инспекциски контроли што ги вршеле Упаравата за јавни приходи (УЈП) и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во неколку угостителски објекти во селото. Од МВР соопштија дека полицајците ги придружувале инспекторите, кои вржеле инспекции во Студеничани и во населбата Драчево. Инспекторите утврдиле неправилности во неколку угостителски објекти и ги казниле сопствениците. За време на асистенцијата во село Студеничани се собрала поголема група граѓани кои започнале да фрлаат со камења кон службено возило на МВР, велат од полицијата и додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

XS
SM
MD
LG